Алварез додава „сол на раната“ на Бразил: Да играше Меси ќе им дадевме уште 2-3 гола

Аргентина синоќа со 4-1 го совлада својот голем ривал Бразил во битката за пласман на Мундијалот 2026 година. Аргентинците и пред тој меч веќе го имаа обезбедено пласманот, а прославија пред полн „Монументал“ и со победа од 4-1, што беше најтешкиот пораз на „кариоките“ во нивната историја во мундијалски квалификации.

Хулијан Алварез беше стрелец на еден од четирите голови со кој Аргентина стигна до убедлив триумф, а сега додава „сол на раната“ на Бразилците после овој пораз. Тој рече дека неговата селекција можела да постигне повеќе голови.

„Можеби со Лионел Меси на  теренот, ќе им дадевме уште 2-3 гола. Во секој случај ова беше резултат на нашата напорна работа. Им одржавме лекција“, изјави Алварез.

Селекторот на Аргентина, Луис Скалони се расплаче на сред мечот против големиот ривал.

„Сакам Аргентинците да уживаат во овој момент. Не знам колку долго ќе трае ова, но сега сме во одлична форма. Уживање е да се гледаат овие момци. Ќе продолжиме со ваквата игра и се надевам дека резултатската серија ќе трае“, рече Скалони.

Се вчитува...