Алварез го напушта Манчестер и се сели во Мадрид

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез (24) го напушта Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид. Со оглед дека не може да добие поголема минутажа поради Ерлинг Халанд, Алварез се реши да си замине од „Етихад“, и да се пресели во редовите на Атлетико.

Аргентинецот договоро пет годишен договор со Атлетико, а преговорите се веќе започнати. Трансферот треба да се реализира во следните денови, и да изнесува 70 милиони евра.

Конечните детали ќе бидат познати наскоро, но Алварез веќе може да се смета за нов играч на тимот на Диего Симеоне.

Аргентинскиот напаѓач влезе во конфликт со Пеп Гвардиола, поради тоа што не смета на него на поважните натпревари.

Се вчитува...