Реал Мадрид на средината на месецот во драматичен меч и изведување пенали го елиминираше Атлетико Мадрид и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Еден од клучните моменти беше контроверзната одлука на судијата да го поништи голот на Хулијан Алварез во пенал рулетот. Дискусиите за тој инцидент продолжија долго по натпреварот, како на стадионот Метрополитано, така и во фудбалските анализи.
Конечно целата ситуација ја прокоментира и Алварез кој накратко кажа дека не почувствувал дека двапати ја допрел топката.
„Не почувствував дека двапати ја допрев топката“, изјави Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА