Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез ова лето ги промени клупските бои и од Манчестер Сити премина во Атлетико Мадрид каде на првенствениот натпревар против Валенсија во постигна и деби голот во дресот на „јорганџиите“.
Голгетерот не го криеше задоволството од личниот успех и победата на неговиот тим изјавувајќи дека и воопшто не чувствувал притисок бидејќи знаел дека ја има поддршка од сите страни откако пристигнал во главниот град на Шпанија.
„Многу сум среќен за победата и за постигнатиот гол. Потребно беше да освоиме три бода и да го стартуваме со триумф овој згуснат период кој следи. Голот секогаш е важен за напаѓачите, ова ми дава самодоверба, но знам и дека му помогнав на тимот.
Добивам поддршка од сите страни откако дојдов тука. Не чувствувам притисок за да постигнам гол, знаев дека кога-тогаш, ќе мора да дојде. Јас сум подготвен за игра и знаев дека ќе дојде овој момент. Симеоне ми честиташе за голот и сите сме среќни и задоволни“, изјави Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА