Алварез сака да го напушти Манчестер сити

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез ги известил челниците на Манчестер сити дека сака да го напушти клубот ова лето. Брилијантниот Аргентинец го предводи нападот на репрезентацијата на Копа Америка и го чека финалето против Колумбија. Но, во сенка на тој турнир побара трансфер од шефот на англискиот шампион.

Причината е неговиот статус. Иако имаше зголемување на минутажата во однос на претходната сезона, Аргентинецот не е задоволен од тоа што се уште е втора напаѓачка опција зад Ерлинг Халанд.

Во прилог оди и фактот што ја одбил понудата за нов четиригодишен договор. Сепак, на „Етихад“ се подготвени да ги продолжат разговорите и да го убедат да остане, меѓутоа, доколку не успеат, подготвени се да го продадат за не помалку од 90 милиони евра.

Прв во редот кој го чека овој исход е Пари Сен Жермен. Минатата сезона Алварез постигна 13 гола и забележа 11 асистенции на 54 натпревари.

Се вчитува...