Хулијан Алварез, играчот на Атлетико Мадрид оваа година игра во голема форма. Откако го напушти тимот на Манчестер Сити, Аргентинецот едноставно се препороди.
Минатото лето од Премиерлигата се реши да се пресели во Шпанија, а во Сити беше секогаш во сенка на Ерлинг Халанд, кој беше прв напаѓач, и не добиваше шанса.
„Секој сака да игра на важни натпревари. Не играв во финалето во Лигата на шампионите, а во полуфиналето бев многу кратко на теренот. И тогаш почнав да размислувам за промена“, изјави Алварез.
„Кога разговарав со Симеоне, ме убеди. Тоа беше неколку дена пред Олимписките игри. Ми кажа за иднината на клубот, и тоа ми се допадна. Секогаш ќе му бидам благодарен на Сити, но ми требаше нешто ново, нов предизвик“, изјави Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

