Алваро Карерас од денеска и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид потпишувајќи договор со важност до 2031 година, официјално потврди шпанскиот гигант.
Карерас во Реал Мадрид пристигнува од редовите на Бенфика во трансфер вреден 50 милиони евра. Покрај за португалскиот клуб во минатото настапуваше и за Манчестер Јунајтед.
Неговото официјално претставување ќе биде утре во 13 часот во Мадрид, соопшти клубот.
🤩 #WelcomeCarreras 🤩 pic.twitter.com/uUcJO1nwsg
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

