Шпанскиот напаѓач Алваро Мората наскоро би можел повторно да заигра во Серија А и тоа во дресот на Комо.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, клубот од северот на Италија сериозно се обидел да доведе искусен голгетер, а клучна улога во таа приказна ја има неговиот сонародник и пријател Цеск Фабрегас, тренер и косопственик на клубот.
По кратката, но успешна епизода во Галатасарај, каде Мората во втората половина од минатата сезона ги освои шампионатот и Купот на Турција, повторно се актуелни приказните за неговото заминување.
Иако има важечки договор со турскиот гигант до јануари 2026 година, клубот наводно би му излегол пресрет доколку изрази желба да се врати во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

