Поранешниот славен фудбалер на Барселона и репрезентативец на Бразил, Дани Алвеш лошо го поминува времето во затвор, откриваат бразилските медиуми.
На Алвеш му се суди за сексуален напад и му се заканува долга казна затвор и поради тоа е во тешка депресија која оди и граница погоре. Со цел да се избегне „експремна мера“ во затворот е активиран протокол кој се практикува кога се сомнева дека некој од затворениците размислува за самоубиство.
„Депресивен е и затекнат од целата ситуација, добива помош од вработените во затворот. Се плашат за неговата состојба, се плашат дека ќе се исече или ќе направи нешто лудо. Активираа протокол ден по почетокот на судењето“, открива неименуван затвореник за бразилските медиуми.
Алвеш е обвинет за сексуален напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 31. декември 2022 година, а тој негира дека сторил какво било кривично дело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

