Алвеш не е единствениот славен бразилски фудбалер осуден за силување

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш денеска беше осуден на четири години и шест месеци казна затвор откако беше прогласен за виновен за сексуален напад врз една девојка пред крајот на 2022 година во Барселона.

А, тој не е единствениот славен бразилски фудбалер кој е прогласен а виновен во ваков случај. Во 2017 година во Милано за сексуален напад за виновен прогласен беше и Робињо, некогашното „чудо од дете“ кој на 21 година премина од Сантос во Реал Мадрид, а потоа настапуваше и за Манчестер Сити и Милан.

Тој беше прогласен за виновен за случај од 2013 година кога заедно со пет други личности групно силувале Албанка, но и ден денеска не е во затвор. Причина за тоа е што во текот на случајот Робињо се врати назад во Бразил каде тамошната влада не дозволува екстрадиција на своите граѓани.

Во 2022 година Врховниот суд во Италија ја потврди пресудата против Робињо, а во февруари минатата година Владата на Италија официјално побара казната да ја отслужи во Бразил. Него му е одземен пасошот, а процесот е во тек.

Се вчитува...