Алвеш штрајкува со глад по одбивањето на можноста да се брани од слобода

Драмата со случајот „Дани Алвеш“ продолжува понатаму. Откако судот во Барселона ја одби жалбата да се брани од слобода, Бразилецот штрајкува со глад, не збори со никого и не сака да излезе од келијата со што се наоѓа во лоша психичка состојба, информираат шпанските медиуми.

Најтрофејниот фудбалер во историјата е во притвор веќе месец дена по обвинение за силување, а постојаното одбивање на барањето да се брани од слобода се должи на големата можност од бегство и непостоењето на договор за екстрадиција помеѓу Шпанија и Бразил.

Алвеш притоа пет пати го менува исказот за што се случило вечерта. Откако претходно тврдеше дека имал полов однос со девојката, но со нејзина согласност, во последниот исказ тврди дека тој е жртва за сексуален напад.

Се вчитува...