Алжир е новиот владетел на Африка (ВИДЕО)

Алжир е новиот владетел на Африка откако во финалето на Купот на нациите го совлада Сенегал со минимални 1-0. Натпреварот беше решен уште во втората минута со погодокот на Багдад Буџенах.

Во второто полувреме Сенегалците се обидуваа да стигнат до израмнување, а во 62. минута главниот судија на натпреварот досуди пенал за Сенегал, кој по проверката од ВАР беше поништен.

За Алжир ова е втора титула на самитот на најдобрите африкански репрезентации, по 1992 година, додека Сенегал го изгуби и второто финале, по тоа во 2002 година.

 

Се вчитува...