Алжирец дисквалификуван од ЛОИ во Париз – одби да се бори против Израелец

Новиот ден на Олимписките игри во Париз го донесе и првиот голем скандал откако aлжирскиот џудист Дрис Месауд доби дисквалификација и е исфрлен од натпреварувањето затоа што одби да се бори против израелскиот натпреварувач Тохар Бутбул.

Нивната борба требаше да биде закажана за време на утринскиот дел од програмата во понеделникот, но тоа нема да се случи. Израелецот оди во следната фаза од натпреварувањето бидејќи неговиот ривал одби да се појави на теренот поради војната меѓу Израел и Палестина.

Настапот во Париз требаше да биде прв за Дрис Месауд на Олимписките игри, а тоа беше и еден од најголемите резултати во кариерата на младиот борец.

Се вчитува...