Алжирецот кој одби да се бори со Израелец повеќе никогаш нема да може да учествува на Олимписки игри

Меѓународниот олимписки комитет најави дека алжирскиот џудист Фети Ноурине повеќе никогаш нема да има права за учество на Олимписки игри.

Ноурине одби броба против Израелецот Тохар Бутбул на актуелните Игри во Токио со зборовите:

„Напорно работевме за да дојдеме на Олимписките игри, но палестинската работа е поголема од сето тоа. Нема да ги валкам рацете со Израелец“.

Го поддржа и неговиот тренер. Фети и во 2019 година го напушти Светското првенство откако исто така требаше да се бори, согласно ждрепката, со спомнатиот џудист од Израел.

Како што е познато алжирските џудисти отворено прогласија поддршка за Палестинците кои со години се во судир со Израел.

Како и да е, Меѓународниот олимписки комитет експресно ги испрати Алжирецот и неговиот тренер а сега им се заканува и исклучување од сите идни натпреварувања во светот на спортот.

„Ги прекрши основните олимписки вредности како пријателството и меѓународното разбирање. Токму спортот треба да биде пример за надминување на сите отворени политички проблеми во светот, а не обратно“ – порачаа организаторите на ЛОИ во Токио.

Се вчитува...