Алжирецот одговори на критиките во Сaудиска Арабија: „Не сум ви јас Меси“

Како и многу европски ѕвезди, Ријад Махрез (33) реши да го напушти стариот континент и да се предаде на името на петродоларот. Минатото лето, по освојувањето на Лигата на шампионите, тој го напушти Манчестер Сити во Ал Ахли , една од големата четворка во Саудиска Арабија. Алжирецот потпиша договор со Ал Ахли до летото 2027 година и стана најплатениот играч на тој саудиски клуб.

Клубот очекуваше Махрез да биде лидер и да ги оправда вложените пари. Освен што заработуваше по еден милион евра неделно, или 52 милиони годишно, Ал Ахли за своето обештетување плати и 35 милиони евра. Меѓутоа, после година и пол сфатиле дека не го добиле тоа што го сакале.

Оваа сезона Махрез на 19 натпревари постигна шест гола и забележа седум асистенции, што не е лоша статистика. Но, неговиот настап во ремито против ирански Естеглал во азиската Лига на шампиони ги разбесни навивачите. Ал Ахли во тој меч влезе како голем фаворит, но не победи и одигра само 2-2.

По натпреварот Махрез одговараше на прашањата како е можно еден од најдобрите играчи на Сити да не игра ништо од она кое го играл во минатото.
„Не можете да го споредите Манчестер Сити и ова тука. Треба сите мои соиграчи да играат добро. Јас сум тимски играч. Не сум јас Меси. Не можам сам да ја земам топката и да правам се. Ако тимот игра добро, и јас играм добро“, рече Алжирецот.

Се вчитува...