Алжирската боксерка „претепа“ и Унгарка, обезбеди медал па се расплака по борбата (ВИДЕО)

Алжирската боксерка Имане Келиф, која покрена многу контроверзии на ЛОИ 2024 под обвинувањата дека е (транс)биолошки маж, успеа да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 66 килограми и на тој начин да обезбеди најмалку бронзен медал.

Келиф, кој има XY хромозом, во четвртфиналната борба ја победи Унгарката Ана Лука Хамори.

Алжирката доминираше низ целата борба, за да по трумфот не може да ги воздржи солзите залетувајќи се во прегратките на тренерот Педро Дијаз, поранешен тренер на Филип Хрговиќ. Алжирката за пласман во финалето во кое ќе биде фаворит ќе се бори против Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг.

Се вчитува...