Не престанува полемиката во светот на спортот по контроверзното учество на алжирската боксерката Иман Келиф на ЛОИ, и покрај тоа што претходно не доби дозвола за настап на Светското првенство откако падна на тестот за полова одлука.
Голем дел од јавноста жестоко се нафрли на Алжирката барајќи и нејзина дисквалификација од ЛОИ, откако го доби дуелот со Италијанката Карини по само 46 секунди. Факт е дека откако Светската боксерска федерација претходно ја суспендираше Келиф, а Интернационалниот олимписки комитет и дозволи да се натпреварува на ОИ во Париз предизвика многу шпекулации и дистрибуција на непроверени информации, при што дел од фановите сметаат дека Алжирката е маж, иако таа имала само поголемо ниво на тестостерон на одредени испитувања.
Токму поради тоа се јавија голем број алжирски здруженија и медиуми кои го тврдат спротивното, како што велат, желни да се дознае вистината.
Алжирски новинар објави фотографии од детството на Келиф, сакајќи да потврди дека таа е девојка, жена и никогаш не била маж како што некој сака да го претстави тоа пред спортската јавност.
A WOMAN she was she is and she will be forever
due to the misinformations that spread accusing IMANE KHELIF this MUSLIM GIRL for being TRANSGENDER ! are LIES ! Those operations are totally BANNED IN ALGERIA #ImaneKhelif #IstandWithImaneKhelif her pics when she was younger ⬇️ pic.twitter.com/6ABUVtpDxA— the algerian lady (@thealgerianlady) July 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА