Македонскиот младински репрезентативец Алекса Амановиќ го постигна и својот втор гол сезонава во дресот на српскиот суперлигаш Јавор.
Во зимска идила, Јавор ја изненади Војводина победувајќи со 0-3 на гостувањето во Нови Сад. Амановиќ, кој го одигра целиот натпревар за гостите, погоди во 53. минута со шут од околу 25 метри во тие моменти за водство од 0-2 на Јавор…
Филип Ристовски во тимот на Јавор одигра 80. минути, а во домашниот состав Даниел Аврамовски доби шанса за настап од 65. минута, при водство на гостите од 0-3 откако се веќе беше решено.
Војводина е на седмата позиција на табелата со 32 бода, а Јавор е претпоследен со 15 бода од 21 одигран натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА