Нешто повеќе од еден месец откако екс младинскиот репрезентативец Алекса Амановиќ потпиша за Астана, почна да го оправдува вложеното во него. Амановиќ на официјалното деби за казахстанскиот клуб, денеска со прекрасен гол го донесе првиот трофеј на клубот.
Амановиќ во 8. минута од 25-26 метри со силен удар го совлада голманот на Ордабаси, и така донесе водство за својот тим. На крајот Астана славеше триумф од 2-1 над својот противник, и се закити со пехарот. Интересно е што вториот гол на овој меч беше од пенал и го постигна Дембо Дарбо, екс играчот на Шкупи.
Амановиќ во минатото играше за Тобол, а во јануари оваа година се пресели во Астана. Во српскиот шампионат играше за Јавор, ИМТ, а ги мина младинските школи на Партизан. Амановиќ има 10 настапи за младата репрезентација до 21 година, а претходно настапуваше и за селекцијата до 19 години.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА