Кошаркарската репрезентација на Македонија полека, но сигурно ги привршува подготовките за настапот во вториот круг квалификации за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар.
Амар Хот кој е дел од оваа подмладена репрезентација на Македонија вели дека верува во него и соиграчите дека може да го минат овој циклус на квалификации…
„Моментално ова е најмладиот состав мислам на сите досегашно сениорски репрезентации. И чувството да се дели паркетот со млади играчи со кои што сум ги поминал младинските категории е навистина феноменално. Заедно со нив и како и со некои поискусни играчи како што се Магдевски и Мекиќ, Вајли, и вистинско задоволство да се биде дел од овој тим. Подготовките ги поминавме многу добро, одлично се согласуваме со стручниот штаб. Без оглед на тоа што периодот за подготовките е со доста краток рок, се надевам дека ќе го направиме тоа што посакуваме и е наша цел, да одиме понатаму. Во досегашниот дел од подготовките многу повеќе бевме фокусирани на нашата игра. Секако, секој ден се повеќе и повеќе напредувавме во таа насока која треба да нè донесе до добар резултат. Заедно со луѓето од стручниот штаб ќе ја анализираме прво Романија, одиме чекор по чекор. Јас секогаш сум оптимист, секако дека можеме да ги минеме, не само оваа, туку и сите други фази од претквалификациите“, вели Хот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

