Младинскиот репрезентативец на Македонија, Амар Хот се најде во потесниот избор на ФИБА за признанието за најкорисен играч на Европското првенство Б-Дивизија кое се одржува во Тблиси, Грузија каде нашите кошаркари по победата над домаќинот вчера се пласираа во четвртфиналето од разгирувањето за медали.
Кошаркарот на Феникс 2010 игра одличен турнир каде бележи просек од 13.0 поени и 8.0 асистенции со кои е меѓу најдобрите пет скокачи на турнирот, а најдобриот натпревар го одигра против Швајцарија каде забележа дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока.
Глас за Амар Хот може да дадете на овој ЛИНК.
Во четвртфиналето Македонија за противник ја има Естонија. Натпреварот ќе биде одигран утре, петок со почеток од 12 часот и 30 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА