Аматерската репрезентација со пораз го почна „Купот на регионите на УЕФА“

Аматерската репрезентација на Македонија со пораз ги почна настапите на „Купот на регионите на УЕФА“ кој се игра во Стара Пазова.

Избраниците на Жанко Савов во првиот натпревар загубија со 2-0 од домаќинот Србија. Македонија доживеа пораз буквално во последните минути од средбата кога домашните искористија две шанси и преку Бариќ во 80. минута и Бачвански во 90’+3. минута дојдоа до победата.

Македонија на следниот натпревар ќе игра против селекцијата на Западна Словачка, кој е закажан за 16 септември од 12 часот. Последниот натпревар со Тим Рханбаррол од Велс се игра на 19 септември од 16 часот.

Македонија на „Купот на регионите на УЕФА“ игра во следниот состав: Ангел Кочев, Антонио Столески, Никола Сарески, Давид Спасов, Кристијан Јордановски, Кристијан Крклински, Христијан Митревски, Муарем Мислими, Хебиб Саити, Христијан Бејков, Дамјан Ангеловски, Кирил Неделков, Ники Зумроски, Влатко Стојановски, Стефан Богојески, Јовица Радевски, Давид Дебрешлиоски.

Се вчитува...