Неверојатен, аматерски и бизарен пропуст направиле од раководството на репрезентацијата на БИХ пред вечерашниот меч со Холандија. Тие едноставно заборавиле да пријават еден играч, и тој нема да биде во комбинација, и покрај тоа што требало да конкурира дури и за стартниот тим.
Репрезентациите денеска до УЕФА ги пријавија фудбалерите кои ќе конкурираат за настап, а Никола Катиќ не се нашол на него. Босанските медиуми откриваат дека едноставно заборавиле да го внесат во составот.
А, медиумите од оваа земја пишуваат дека Катиќ требало да биде и стартер против Холандија на стоперската позиција, но селекторот Сергеј Барбарез остана без неговите услуги поради административна грешка.
Пред само неколку денови, БИХ беше поразена од Германија со убедливи 7-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА