Повредата на Нејмар е главна вест во светските фудбалски медиуми, а „масло на огинот“ додаде дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Џордан Амави, кој тврди дека Бразилецот со својот однос на теренот самиот придонесува да се зголеми ризикот за негова повреда. Нејмар беше фаулиран осум пати во текот на големото француско дерби, но Амави тврди дека тој „самиот си барал проблеми“.
„Никој не може да каже дека сме играле грубо на Нејмар, но неговиот однос искрено ме изненади. Чекаше да му се приближиме и да тргнеме во старт, па потоа во последен момент да ја мрдне топката, да изнуди контакт и да легне на теренот. Некој може да ме сфати погрешно, но јас само го кажувам она што го видов на теренот и што искрено ме разочара. Сите знаат дека поседува голем талент, дека е врвен играч, но односот му беше далеку од професионален. Она што му се случи е резултат на сето она што го предизвикува со тој свој однос на теренот“ – истакна Амави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА