ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Тројниот европски шампион Ѓер, супериорно стигна до уште едно финале во ЛШ, совладувајќи го ЧСМ Букурешт во првиот полуфинален меч на Ф4 турнирот во Будимпешта. Тренерот на унгарскиот првак кој на крајот на сезоната го напушта Ѓер и се сели во Ростов Дон, беше видно задоволен од новиот успех на неговиот тим. Шпанскиот стратег потенцираше дека клучот за победата на Ѓер е во дисциплината и силната мотивација.
„Ги советував да останеме мирни и да го сочуваме нивото на играта. Одигравме дисциплинирано, цврсто и агресивно во одбраната. Им честитам на моите ракометарки, денеска направивме добра работа. Задоволен сум, ова е фантастичен тим. Со сите проблеми што не следат сезонава повтроно стигнавме до финале и тоа е голем успех. Ќе ни треба сила и за утрешното финале, но денеска ќе уживаме во победата“ – изјави Амброс Мартин по пласманпт на Ѓер во финалето на ЛШ.
Унгарскиот шампион го чека противникот за одбрана на титулата од дуелот меѓу Вардар и Ѓер што почнува во 18 часот. Минатата сезона во финалето на ЛШ играа Ѓер и Вардар, по голема борба и неизвесност унгарскиот тим славеше со 31-30 и ја освои титулата. Во иделано сценарио, доколку Вардар го победи Ростов, утре ќе има реприза на ланското финале и шанса вардарки да се реваншираат за поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА