ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Шпанскиот тренер Амброс Мартин и во својата последна сезона на клупата на Ѓер успеа да остави шампионски печат. Под негово водство унгарскиот првак освои четири европски титули и стана првиот тим и во машка и во женска конкуренција што успеал да ја одбрани титулата на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Последните две титули, Ѓер ги освои со минимални победи против Вардар.
„Ова се посебни моменти за мене и за тимот. Чувството е одлично, но заслугата е на ракометарките. Денеска сите можеа да уживаат во фантастичен меч како што беше и лани. Ракометарките на Вардар сега се тажни, но треба да бидат среќни, одиграа одлично, не заслужија да загубат. Но, и ние имавме многу проблеми оваа сезона, на крај сепак успеавме да стигнеме до целта. Ова беше силен меч и двете екипи одиграа максимално“ – изјави Амброс Мартин.
Мартин од следната сезона ќе го предводи Ростов Дон, а од Ѓер заминува шампионски и со статус на легенда на клупата на унгарскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА