Амедовски за две минути совладан од Холмс, Македонецот ја губи битката за опстанок во УФЦ (ВИДЕО)

Американскиот ММА борец Џозеф Холмс постигна импресивна победа на УФЦ настанот во Лас Вегас. Тој го совлада нашиот Ален Амедовски, со „задушување“ во втората минута од борбата.

Холмс веднаш тргна агресивно, што многу брзо се исплатеше и така го забележа првиот триумф во најсилната ММА организација на светот.

На македонскиот борец ова му е трет пораз во низа и најверојатно ќе ја заврши кратката авантура во УФЦ.

 

 

Се вчитува...