Амели Морезмо ќе биде првата жена која ја добие улогата на капитен на Дејвис-куп селекцијата на Франција. Таа ќе го наследи Јаник Ноа, кој досега ги предводеше „триколорите“.
Морезмо ќе биде шестата жена воопшто во историјата која ќе предводи Дејвис-куп тим. Таа исто така беше капитен и на Фед куп тимот на Франција три години, почнувајќи од 2013 година. Под нејзино раководство беа остварени шест победи во девет пресметки, а Франција во 2016 година стигна до финалето.
Французинката стана и првата жена која беше тренер на водечки тенисер на АТП – листата, две години соработувајќи со Британецот Енди Мареј. Таа исто така беше тренер на Мајкл Лиодра, Викторија Азаренка и на Мерион Бартоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА