Амели Морезмо стана првата директорка на Ролан Гарос

Амели Морезмо е назначена за нов раководител на Ролан Гарос. Поранешната тенисерка е првата жена на функцијата директор на Ролан Гарос. Некогаш прва тенисерка на светот, освои две Грен слем титули во кариерата, но никогаш не го освои купот во Париз, каде двапати играше во четвртфиналето.

Морезмо е назначена по само два дена откако беше објавено дека Гај Форж поднел оставка како директор на Ролан Гарос по пет години.

„Многу сум горда што сум дел од овој тим. Ја прифатив улогата на директор на турнирот, иако знам дека станува збор за амбициозна функција. Ќе се обидам да ги задржам високите стандарди, слободата и страста што ме водат цел живот“, потенцираше Амели.

 

 

Се вчитува...