Таеквондото се попопуларно и во САД – Доналд Трамп доби црн појас (ФОТО)

Америка го добива македонскиот „Дејан Георгиевски“, откако поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп деновиве е награден со почесен црн појас во таеквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина.

Овој настан предизвика разни коментари на социјалните мрежи. Некои луѓе го одобруваат потегот, но повеќето негодуваат, а некои и се потсмеваат со оваа новина.

„Претседателот на ’Кукивон‘ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп во Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Поранешниот претседател Трамп рече: ’Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека таеквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на таеквондо тимот на Кукивон‘,“ се вели во соопштението на страницата на Академијата.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Георгиевски е олимписки вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми, а дали Трамп ќе се одлучи да учествува на светските турнири или ќе го чува црниот појас за по дома, останува да видиме во периодот кој следува.

Се вчитува...