НФЛ играч уапсен со „Узи“ во автомобилот

Дефанзивецот на Канзас Сити и НФЛ шампионот од 2019 година, Френк Кларк е уапсен во Лос Анџелес откако полицијата при проверка поради сообраќаен прекршок во неговото возило пронашла полуавтоматска пушка Узи.

Кларк е пуштен на слобода откако ја платил кауцијата од 35 илјади долари, а неговиот адвокат изјавил дека оружјето е на неговиот телохранител. Интересно е тоа што на Кларк ова не му е прв пат да заврши зад решетки за сличен случај.

Играчот на Канзас Сити беше уапсен и во март кога полицијата во неговото возило најде две наполнети пушки, а во 2014 година е уапсен и за насилничко однесуваање на Универзитетот Мичиген.

Се вчитува...