Американец е мета на потсмев: Мислеше дека е „фраер“ па брзо му се одби од глава (ВИДЕО)

Четвртиот натпревар од четвртфиналната серија помеѓу Кливленд и Индијана го одбележа и тепачка во првата четвртина во која кошаркарот на Пејсерс, Бенедикт Матурин се обиде на „фраерски“ начин да го испровоцира противникот Диандре Хантер, но тоа му се одби од глава.

Матурин за време на исведување на топка од страна го удри противникот во градите, а откако овој му возврати неколку секунди подоцна следеше и мешање на останатите кошаркари од двата тима. Тензијата брзо стивна, а по прегледот на снимката од страна на судиите на Матурин му беше покажан патот кон соблекувалнта. Хантер пак доби само техничка грешка.

Се вчитува...