Кошаркарскиот клуб Работнички ги промовираше првите засилувања за новата сезона. Станува збор за бековите Брет Томпсон и Филип Наков.
Американецот во колеџ кариерата настапувал за Универзитетот Јангстоун, а првото искуство во Европа му е во Босна и Херцеговина каде минатата сезона ги бранеше боите на Леотар.
Наков пак е добро познат на мак-баскет сцената со успешните настапи за младинските категории. Минатата сезона ја помина во редовите на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

