Виртус Болоња ја заврши потрагата по наследник на Милош Теодосиќ, откако потпиша договор со Џејлен Смит, американскиот плејмејкер кој настапува за хрватската репрезентација.
Станува збор за играч кој доаѓа од редовите на Алба, каде ланската сезона беше меѓу најдобрите поединци во германскиот клуб. Смит имаше просек од 12 поени и 2,5 асистенции во Евролигата, но поради слабите резултати на тимот мораше да си замине заедно со уште неколку стандардни првотимци (Сикма во Олимпијакос, Блат во Макаби…).
Тој е најновото засилување на италијанскиот вицешампион, кој претходно ги доведе и Полонара, Добриќ, Дакук и Консолини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА