Прославениот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, влезе во раководните структури на Милан, и планира големи промени. Така Швеѓанецот планира во раководните структури на позицијата директор да донесе екс американски фудбалер кој има македонско потекло, и со кого соработувал во ЛА Галакси.
Станува збор за Јован Кировски, кој настпуваше за селекцијата на САД, а играше за Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, а беше дел и на Манчестер Јунајтед. Извршуваше неколку функции во ЛА Галакси, меѓу другите и помошник тренер и технички директор.
Исто така Ибрахимовиќ планира на клупата да го доведе Антонио Конте, кој некое време се споменува како главна замена за Стефано Пиоли, кој има неизвесна иднина на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА