Македонскиот вицепрвак Пелистер се насочи кон ангажман на странски засилувања, при што е веќе договорен и првиот кошаркар кој ќе пристигне во битолскиот клуб. Станува збор за Американецот Кристијан Банди, кој потпиша едногодишен договор со „пелистерци“ и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Илиевски.
Банди доаѓа од САД, каде минатата сезона со успех настапуваше за универзитетот Мисури саутерн стејт. Тој ги одигра сите 30 натпревари за својата екипа, остварувајќи просек од 9 поени и 6,4 скокови по натпревар. Американскиот кошаркар ги покрива позициите четири и пет, па се очекува да биде од голема помош на „пелистерци“ во борбата под обрачите.
За потсетување, „зелено-белите“ веќе договорија и пет македонски кошаркари за наредната сезона, и тоа Маслинко и Сапунџиев ќе останат по успешната ланска сезона, додека како нови засилувања ќе пристигнат Александар Костоски од ТФТ, Лука Стојановски од Еуро Никел и Амар Хот од Феникс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА