Американскиот атлетичар Рај Бенџамин го освои златниот медал во трката на 400 метри со пречки на Светското првенство во Токио. Бенџамин ја заврши трката со време од 46,52 секунди, а потоа беше дисквалификуван со одлука на организаторите.
Причината беше што се сопна од последната пречка и со тоа го „повреди“ просторот на друг тркач, попречувајќи го на неговиот пат. Неколку часа, Бразилецот Алисон дос Сантос славеше и веруваше дека тој го има златото, но на крајот се случи нов пресврт.
На крајот, жалбата на Бенџамин беше прифатена, па тој го доби златниот медал на „заобиколен начин“. Бразилецот Дос Сантос, сепак, го освои сребрениот медал со 46,84 секунди, а бронзата му припадна на Абдерахман Самба од Катар со 47,06.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

