Раководството на Блокотехна по составувањето на „костур“ од домашни играчи се фокусираше кон ангажман на странски засилувања.
Во текот на изминатиот викенд беше договорено да биде продолжена соработката со Данило Мијатовиќ, а од денеска нов член на клубот од Гевгелија е Роберт Браун. Станува збор за 25-годишен Американец кој настапува на позициите „два“ и „три“ и кој би требало да биде значаен адут на тренерот Илиевски во ситуација кога клубот го напушти Двејн Бенџамин, најдобриот кошаркар на Блокотехна минатата сезона.
Браун со успех има настапувано за кипарскиот тим АПОЕЛ, кратко време мина и во Унгарија, за летово да прифати преселба во третопласираната екипа од ланската сезона во македонскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА