Македонскиот кошаркарски вицепрвак Карпош Соколи доведе ново засилување. Доскорешниот кошаркар на американскиот универзитет Евансвил, Џејлон Браун, во следната сезона ќе го носи дресот на „соколите“, откако потпиша едногодишен договор.
Станува збор за играч висок 183 сантиметри, кој игра на двете бековски позиции и е одличен реализатор. Браун во последната година во дресот на Евансвил просечно постигнувал по 20,9 поени, со што се најде меѓу најдобрите дваесетмина во оваа статистичка категорија во цела НЦАА-лига. За Браун ова ќе биде прво европско искуство.
Карпош Соколи оваа сезона извиси за АБА-лигата, но ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА, каде што прв квалификациски противник им е естонски Калев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА