Гостивар продолжува со активностите на кошаркарскиот пазар, па овој клуб по неколкуте потписи на домашни играчи ангажираше уште едно странско засилување. Станува збор за Американецот Џо Фурстингер, со кого се договорени условите за едногодишна соработка и кој ќе му се стави на располагање на тренерот Марјан Србиновски на стартот од подготовките за новата сезона.
Фустингер настапува на позицијата центар, каде гостиварци беа најтенки при формирањето на ростерот. Станува збор за играч кој нема искуство од настапи во Европа, а во Гостивар стигнува директно од универзитет, откако во САД го носеше дресот на „Њу Мексико“ и ланската сезона во просек бележеше 10,4 поени и 6,8 скокови по натпревар.
Претходно гостиварци потпишаа нови договори со неколку домашни играчи предводени од Димчевски и Тасовски, од ланската сезона ќе остане и плејмејкерот Сегариќ, а беше доведен и американскиот „комбо-бек“ Карим Канти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА