Американскиот кошаркар 29-годишниот Џон Гилон (183 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со клубот од Аеродром со важност до крајот на сезоната.
Станува збор за искусен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката на Седрик Расел. Во нашите редови доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за прволигашот Пиено, а претходно играше за турска Дарушафака, унгарскиот тим Алба Фехервар и за две екипи од Тајван.
Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година беше дел од три екипи од развојната Џи лига, а универзитетската кариера ја мина на три колеџи и тоа настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.
Гилон до крајот на неделава ќе пристигне во Скопје, а потоа ќе следува запознавање со новата средина. Дебито се очекува на натпреварот против Феникс кој е на програмата на 3. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА