Американецот Куртис Џоунс е прво странско засилување за Феникс 2010 (ФОТО)

Феникс 2010 продолжува со составување на тимот кој следната сезона ќе дебитира во Првата македонска лига, а по продолжување на соработката со неколку младински играчи, ангажманот на Михајло Арсоски и Павле Михајлоски, најновото име во редовите на составот на Денис Дервишевиќ е Куртис Џоунс Џуниор.

За американскиот бек кој е висок 193 сантиметри, македонското првенство ќе биде прв ангажман по универзитетската кариера каде во сенироската година ги бранеше боите на Пен Стејт притоа бележејки просек од 6.2 поени, 2.2 скока и 1.2 асистенции за околку 17 минути поминати на паркетот.

 

 

Се вчитува...