Американскиот репрезентативец и член на Челси, Кристијан Пулишиќ, би можел да го напушти лондонскиот клуб. Како што јавуваат англиските медиуми, Томас Тухел наводно не смета повеќе на крилниот играч, и поради тоа би можел да ја смени средината на крајот од преодниот рок.
Најголем интерес за фудбалерот покажал Њукасл, кој има намера уште да се засилува до крајот на преодниот рок. Исто така во опција е и враќање во Дортмунд, во Борусија на едногодишна позајмица.
Пулишиќ стигна во Челси во 2019 година од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата од лондонските „сини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

