Американецот Прајс е ново име во Пелистер

Американскиот кошаркар Остин Прајс е најново засилување на Пелистер по потпишувањето на договор на една сезона со 29-годишниот бек. Прајс е второто странско засилување за „зелено-белите“ откако претходно беше потпишан договор со Никола Малешевиќ

Станува збор за кошаркар со богато искуство во европската кошарка, кој минатата сезона настапуваше во романскиот шампионат како член на Плоешти, каде Прајс имаше просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар.

Американецот претходно три сезони мина во холандски Ден Бош, беше дел и од израелскиот шампионат како член на Макаби Ра’анана и на Ирони Нес Зиона, а прв ангажман во Европа му беше потписот за бугарски Берое во 2019 година.

Прајс ќе пристигне во Битола во текот на денешниот ден и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Даскаловски.

Се вчитува...