Кожув продолжува со екипирањето на ростерот за наредната сезона, па прволигашот од Гевгелија го договори и првото странско засилување. Станува збор за Колин Слејтер, Американец кој настапува на плејмејкерската позиција и би требало да биде еден од лидерите на тимот на Александар Јончевски во новата сезона.
Колинс е висок 185 см и доаѓа од тимот на Борнова кој се натпреварува во Турската ТБЛ лига, каде во сезоната 2022/23 имаше просек од 16.3 поени по натпревар.
Само за потсетување, Кожув на плејмејкерската позиција ќе го има и искусниот Димитар Караџовски, кој потпиша од Пелистер. Нови договори со Кожув летово потпишаа Горан Главчев, Илија Колев и Димитар Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА