Американецот сонува за ривалство: „Разликата помеѓу мене и Алкараз е се помала“

Тејлор Фриц, американскиот тенисер денеска ќе се сретне со Карлос Алкараз во полуфиналето на мастерсот „Сикс Кингс“ во Саудиска Арабија и верува дека може да го совлада Шпанецот кој доминира во „белиот свет“.

Фриц досега има победено на само еден меч против Алкараз, но како што вели чуствува дека разликата во квалитет е се помала.

„Кога минатата година игравме на Лејвер купот во Берлин не можев ништо да постигнам. Сега ситуацијата е потполно различа. Чувствувам дека му се приближив по квалитет, разликата меѓу нас е се помала. Кога некој ќе го победите прв пат добивате чувство дека лесно можеше да го направите тоа повторно“, изјави Фриц.

Американскиот тенисер во моментот е на четврата позиција на АТП листата, но со големо заостанување зад Алкараз и Синер.

Се вчитува...