Американката Бризи Џонсон е сензационална победничка на спустот на Светското првенство во алпско скијање кое што се одржува во австрискиот ски-центар Салбах.
Џонсон која прва стартуваше на денешната трка до златниот медал стигна со време од 1:41.29 минута што беше за 15 стоти делови од секундата побрзо од домашната натпреварувачка Миријам Пухнер.
Подиумот го надополни чешката скијачка Естер Ледецка која доцнеше 21 стотинка зад времето на златната Џонсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

