Aмериканката Гречен Волш го означи почетокот на Светското првенство во 25-метарски базени, кое започна денеска во Будимпешта.
Американката во квалификациите исплива неверојатна трка на 50 делфин. Таа го собори светскиот рекорд со резултат 24,03 секунди, со што за цели 35 стотинки ја надмина претходната граница на соништата, која од 2009 година беше во сопственост на легендарната Швеѓанка Тереза Алсхамар.
На Олимписките игри во Париз, Волш освои четири медали, два златни и две сребрени. Таа беше второпласирана на 100 градно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА