Хокеарките на САД стигнаа до златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг откако во финалето беа подобри од големиот фаворит за првото место, Канада.
Во драматична финална пресметка Американките стигнаа до триумф по пенал серијата откако во регуларниот дел, по трите периоди мечот заврши со 2-2 (1-0,0-2,1-0). Стрелци на головите за САД беа Моник Ламору, Жоселин Ламору и Хилари Најт.
Ова за Американките е прв златен медал во хокеј од 1998 година, кога исто така славеа против Канада.
Со ова злато, на три дена пред крајот на ЗОИ, олимпијците на САД стигнаа до осмиот златен медал од вкупно 21 досега освоени. Американците се на четвртото место зад Норвешка (33 медали), Германија (24 медали) и Канада (22 медали).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА