Американската гимнастичарка Мелани Колман (20) трагично го загуби животот откако доживеа незгода на тренинг на колеџот Јужен Конектикат. Колман на тренинг паднала по што тешко го повредила ‘рбетот.
„Нашите мисли се со семејството на Мелани. Тоа е ужасна вест за нејзините пријатели и тренери“, изјави Џеј Моран, атлетскиот директор на Колеџот.
Вакви случаи се ретки во гимнастиката, но се случуваат. Американката Јулис Гомез имала 15 години, кога настрадала во 1988 година. Таа прво останала парализирана, а по три години од несреќата починала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА